Невидена драма во Србија: Партизан го однесе Куп пехарот од Нови Сад

фото: Partizan.net

Војводина не е непобедлива во Србија. Дури и на свој терен. Во финалето на Купот на Србија одигран во Нови Сад славеше Партизан. 
Гостите од Белград постигнаа гол на осум секунди до крајот за 24-24, но Војводина веднаш шутираше на празен гол и ќе погодеше. Но, Којадиновиќ спречи гол, одбрани, но судиите проценија дека бранел од голманскиот (воздушен) простор и досудија пенал за Војводина. 
Голманот Немања Марјановиќ го одбрани шутот на Вукашин Воркапиќ (ВИДЕО 1), а потоа во пенал серијата подобар беше Партизан (ВИДЕО 2)

 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk