Алкалоид со целиот плен од Кавадарци

ГРК ТИКВЕШ - РК АЛКАЛОИД  23-28 (14-13)
Сала: „Јасмин“ во Кавадарци. Гледачи: 1000 Судии: Сашо Кркачев и Ѓоко Колевски. Делегат: Драган Начевски

ГРК ТИКВЕШ: Гемаљевиќ, Анастасовски, Мијатовиќ, Темелковски, Велков, Соколов, Стефановиќ, Гачевиќ, Лазов, Манасков, Шулески, Коцев, Симиќ, Мајиќ, Даневски, Обина
Седмерци: Исклучувања:

РК АЛКАЛОИД: Трајкоски, Галевски, Петров, Маркоски, Младеновиќ, Серафимов, Карасманакис, Стојковиќ, М. Митев, Ѓоргиев, Велковски, Бинго, Кофиловски, Д. Митев, Савревски, Димовски
Седмерци: Исклучувања:

Алкалоид запиша важна победа на гостувањето во Кавадарци со која практично обезбеди излез во Европа и следната сезона, а во продолжение на плјеоф ќе се бори за што подобра позиција. 
Алкалоид подобро го отвори натпреварот и носен од трите одбрани на голманот Трајкоски влезе во одлична серија и поведе со 4-0. Но, не ги искористи своите шанси и им дозволи на домашните да се вратат во игра. 
Тиквеш искористи и израмни на (6-6). Со нова серија од три гола, Алкалоид отиде на 6-9, потоа беше и 9-12, па повторно попушти концентрацијата на гостите и Тиквеш со серија од 5-1 на паузата го сврти резултатот во своја корист (14-13).
Во вториот дел водството од еден гол претежно го имаше Алкалоид, а на влезот во 40. минута поведе и со 23-21. Тоа беше знак за тајм-аут за кавадарчани.
Потоа стана и 25-21 и 26-22 и домашните кои имаа хендикеп да им се повреди бекот Ани Обина, немаа сили и концентрација за пресврт. 
На крајот, убедливи 28-23 за Алкалоид. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk