Вардар Неготино со важна победа остана во игра за опстанок

РК ВАРДАР НЕГОТИНО  - РК МУЛТИ ЕСЕНС 32-26 (16-13)
Сала: „Кирил и Методиј„ во Неготино. Судии: Димитар Митревски и Благојче Тодоровски. Делегат: Марјан Начевски
РК ВАРДАР НЕГОТИНО: Ацев, Мицев, Кузев, Орешков 1, Бугариновиќ 12, Митевски 3, Ѓорѓев, Петров 2, Адамовиќ 9, Митиќ 2, Пеовски, Јовановски, М. Јовановски, Трајанов 3
Седмерци: 2/2 Исклучувња: 4 мин.
РК МУЛТИ ЕСЕНС: Ерманоски, Димевски 5, Костовски 2, Илиески 4, Насевски, Д. Узунчев 7, Петрески, Трајчев, Трајковски, Иваноски 3, С. Јорданов, Тодески, Т. Узунчев 3, Стојчевиќ 2, Каракалашев
Седмерци: 3/6 Исклучувања: 6 мин.

Вардар Неготино останува во игра за третото место во Плејуат шампионатот со денешната победа над екипата на Мулти Есенс која полека се приклучува кон друштвото на тимови кои следната сезона ќе играат во понизок ранг на натпреварување. 
Домашниот Вардар Неготино подобро го отвори натпреварот и воден од Петар Бугариновиќ поведе со 6-2, а потоа благодарени и на искуството успеваше да го одржи ова водство со многу мали осцилации до крајот на првото полувреме кое заврши со резултат 16-13 за неготинскиот состав. 
Гол за гол се играше во второто полувреме во кое на почетокот Мулти Есенс намали еден гол од негативата, но не успеа да направи поголем пресврт, напротив, направи и теххнички грешки и промаши шутеви, па Вардар Неготино пред 50 минута се врати на плус четири (23-19). 
Во 55 минута при водство од 26-23 Мулти Есенс промаши пенал, а со тоа замина и последната шанса за да се направи пресврт, Вардар по ова поведе и со 28-23 и го реши победникот. 



 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk