Париз ги чека Холандија, Шпанија, Унгарија и Шведска

Foto: RFEBM

Женските репрезентации на Унгарија, Шпанија и Холандија се пласираа на ОИ Париз преку квалификациите што се играат деновиве, а на репрезентацијата на Шведска и е потребна победа над Велика Британија за да верификува пласман, што секако ќе се случи.

Останува уште разврската во групата што се игра во Германија. Таму се Германија која има победа над Словенија и Црна Гора која има победа над Парагвај. 
Германките имаат предност, но приказната не е завршена. 

Денеска во 14:15 играат Ц. Гора и Германија, а од 16:45 се среќаваат Парагвај и Словенија.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk