Вардар едвај до победа над Пролет

РК ПРОЛЕТ 62 - РК ВАРДАР 1961   20-21 (8-6)
Стојановски 5 - Косуке 6

Малку недостасуваше екипата на Вардар, онака, „Некако с пролјећа“ да ги фрли во вода победите над Е. Пелистер и Алкалоид, вечерва во салата „Македонско сонце“ во Скопје. 
Црвено-црните беа гости на Т. Пролет 62 и одиграа еден од најслабите натпревари сезонава. Особено во првиот дел, во кој домашните им дозволија на попознатите домашни и интернационални ѕвезди да постигнат само 6 гола! 
Но, кога требаше да се реши победникот, Вардар покажа дека знае како се победува.

 „Вардарци“ поведоа со 4-2 домаќините израмнија преку Арсеновски и Палевски, по што подолго време се играше без гол или „гол за гол“. При 6-6 двата тима промашија по еден пенал, како и уште по неколку напади пред Мајнов да ја прекине серијата промашувања и да донесе минимално водство за домаќините. Вардар промаши три пенали во низа во првото полувреме, Пролет имаше 8-6 и напад во последната минута, но не само не успеа да реализира, а заработи и исклучување.

Домашните подобро го почнаа и второто полувреме (12-9). Вардар успеа да се врати, користејќи го исклучувањето на Петковски во 44. минута да влезе во серија и преку Срдановиќ да израмни на 13-13. овиќ реши да им даде шанса и на помладите ракометари против реномираниот ривал, а тие ја оправдаа довербата одржувајќи минимална предност, па Пролет во последните 10 минути влезе со предност од 16-15. 
Младиот состав на Пролет целосно парираше до 58. минута израмнувајќи на 19-19, пред Јасихура со извонредна соло-акција да донесе водство од 19-20. Пролет го промаши нападот за израмнување, по што Срдановиќ во последната минута стави печат на победата. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk