Македонија во втор шешир, утре ждрепка за СП

Две години поминаа откако репрезентацијата на Јужна Кореја до 18 години го освои златниот меал и симпатиите на македонската публика со триумфот во финалето на Светското кадетско првенство. 
Корејките демонстрираа супербрз ракомет против кого решение немаа ниту фаворизираните дански ракометарки. Македонија имаше забележителен настап, а сега приказната ќе се повтори со истите играчи, само две години повозрасни.
Утре во Франција ќе се одржи ждрепката за Јуниорското СП што од 19 јуни ќе се игра во Македонија. 
Нашиот тим е во вториот шешир и откако ќе бидат извлечени групи од 1, 3 и 4 шешир ќе одбере во која група ќе игра, по што ќе биде комплетирана ждрепката. 
Недостасува еден тим, ИХФ сѐ уште не нашол замена за претставникот на Океанија. 

2024 Јуниорско Светско првенство
1 ШЕШИР: Унгарија, Данска, Романија, Португалија, Шведска, Ангола, Франција, Швајцарија
2 ШЕШИР: Кореја, Ц. Гора, Холандија, Норвешка, Македонија, Германија, Чешка, Египет
3 ШЕШИР: Гвинеја, Исланд, Шпанија, Кина, Аргентина, Тунис, Бразил, Јапонија
4 ШЕШИР: Чиле, Тајван, Иран, Мексико, САД, Алжир, Узбекистан, Вајлд Карта

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk