ЕХФ го суспендираше Драган Начевски

Европскиот суд на Европската ракометна федерација (ЕХФ) денеска објави одлука за случајот во која данската ТВ2 се обидуваше да го намести тогашниот шеф на судиите на ЕХФ, Драган Начевски. 
Познато, данската ТВ ангажираше и актер кој се обиде да му подметне на Драган Начевски „дил“ за местење на натпревари, но иако обидот им пропадна, а Начевски двапати ја одби понудата, сепак, тоа не го направил доволно реваносно и не го пријавил случајот, па беше отстранет од функцијата.

Случајот потоа беше вратен на првостепена, но денеска стгина и новата одлука, а таа вели дека Драган Начевски е суспендиран од сите функции во ЕХФ во следните две години и ќе треба да плати и казна од 5.000 евра. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk