Магнус Род откажа настап на ОИ Париз

foto: Norges Håndballforbund

Десниот бек на репрезентацијата на Норвешка, Магнус Род, ги информираше селекторот и јавноста дека нема да биде дел од олимписката репрезентација.
Магнус Род летово се сели од Колстад во Пик Сегед и сака сезоната да ја почне комплетно здрав. Овој норвешки ас познат по честите повреди верува дека ако летово го посвети на одмор и рехабилитација дека конечно ќе може да одигра сезона според неговите квалитети. Жртвата не е мала, но тешките одлуки се дел од секојдневието.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk