Охрид се врати на третото место

ОХРИД - БУТЕЛ СКОПЈЕ  33-29 (18-13)

ГРК Охрид се врати на третото место на табелата по комплетирњето на осмото коло. Тимот на Стевче Алушовски вечерва славеше над Бутел Скопје со резултат 33-29 и ја оправдаа улогата на фаворити.

По десетина минути рамноправна игра, охриѓани наметнаа ритам што гостите не можеа да го следат. „Белите“ отворија со 2-0, по поведе со 6-2. Бутел кон средината на првото полувреме успеа да намали на 11-9 и 12-10, но следеа нови три гола во низа на домашниот состав, кој се одлепи на 15-10 и на одмор замина со плус пет 18-13. Вторите 30 минути беа рутина за избраниците на Алушовски, кои не дозволија разликата во ниту еден момент да се спушти под четири гола и лесно ги осигураа новите бодови.
Словенецот Гал Цирар со шест гола беше најдобар стрелец на Охрид на овој натпревар, по пет постигнаа Ојлески и Јукиќ, додека Филип Николов со девет гола беше најдобар поединец во таборот на Бутел.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk