Силекборг го отпушти тренерот

Екипата на Бјерингбро - Силкеборг која двапати имавме можност годинава да ја гледаме на дуелите со нашиот вицепрвак Алкалоид, денеска реши да му врачи отказ на тренерот. 
Патрик Вестрехолм ја водеше данската екипа со добри резултати низ ЕХФ Европската лига во која беа елиминирани во 1/8 финалето од романскиот Динамо Букурешт.
Но, не Силкеборг кој во меѓувреме почна да прави сериозни играчки ротации и да ангажира познати, но и добро ислужени дански ѕезди не му оди во домашниот шампионат.
Силкеборг не победи на седум од последните осум натпревари и Вестерхолм мораше да замине. 
Симон Соренсен во улога на тренер и поранешниот ас Михаел Кнудсен во улога на асистент ја преземаат одговорноста за следните натпревари. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk