БиХ има нов селектор

фото: sportsport

Своевремено беше еден од најдобрите ракометари на БиХ, во времето кога нивниот ракомет беше ценет и надвор од границите, а сега доаѓа како „спасител“ во репрезентацијата во многу незгоден период.
Дамир Доборац, поранешен ракометар на Копер, Магдебург, Кадетен... го презема кормилото на тимот на БиХ откако нивното претходно решение, Ирфан Смајлагиќ, се покажа како неефикасно.
БиХ во мај ќе игра бараж за СП со Португалија каде што шансите им се симболични, а во квалификациите за ЕП 2026 ќе игра во групата со Исланд, Грција и Грузија. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk