Не се пласираше на ЕП пет години и поднесе оставка

foto: rankinis.lt

Последниот гостин во Скопје за квалификациите за ЕП 2024, репрезентацијата на Литванија, остана без селекторскиот тандем кој си поднесе оставка.
Каролис Каладинскас и неговиот асистент Кристина Кведариене ја водеа Литванија од 2019 и не успеаја да ја одведат на ЕП или СП. Овој циклус, требаше да биде најлесниот за нив, циклус во кој освен што беа подобри од Азербејџан, не им требаше ниту една победа за да се пласираат на ЕП.
За пласман ќе им беше доволна вкупна гол разлика од -29 гола од дуелите со Македонија и Шпанија, но тие имаа вкупно минус 60 гола и останаа надвор од ЕП. 
По ова Каладинскас и Кристина решија да се повлечат. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk