Милион евра за Јури Кнор?!

Веста дека Алборг планира да го ангажира германскиот ас Јури Кнор што германскиот медиум Билд ја лансираше пред неколку дена, добива продолжение.
Неколку портали од тој регион, информираат дека Алборг наводно е подготвен да понуди 1.000.000 евра на РНЛ за слободата на Јури Кнор. 

Кнор од наш аголизгледа како преценет играч, иако е главниот лик во репрезентацијата на Германија, но сумата од 1.000.000 евра е една од рекордните и само неколку играчи досега успеале да ја надминат. Но, ако Алборг е решен веднаш да донесе играч кој има договор до 2026, тогаш, можеби и треба да брцне длабоко во џебот на своите спонзори и да го доведе Кнор уште летово. 

foto: Rhein Neckar Loewen

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk