Охрид преговара со Мандалиниќ

Хрватскиот интернационалец Стипе Мандалиниќ е пред враќање во Македонија и тоа во екипата на ГРК Охрид, во моментов еден од најамбициозните тимови во Македонија и клуб што сериозно вложува и работи на својот квалитет и има и големи планови за иднина. 
Стипе Мандалиниќ и Охрид се во преговори што се при крај и реално е да очекуваме и успешно да завршат. 
Хрватскиот бек веќе играше во Македонија и тоа во екипата на Е. Пелистер во сезоните 2020-2022, а потоа се пресели во атински АЕК со кого имавме можност да го гледаме во Македонија на летните турнири.

Во редовите на Охрид веќе има неколку играчи што го подигнуваат целото ниво на клубот, а за следната сезона потврден е и српскиот пивот Живан Пешиќ. Ако се реализира трансферот на Стипе Мандалиниќ и веројатно уште некое ново име добиваме уште еден сериозен кандидат за шампионската титула. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk