ОИ Париз: Камерун не доби унгарски визи, В. Британија е замената

Женската репрезентација на Камерун нема да патува на Квалификациите за ОИ што требаше да ги игра во Унгарија, заедно со екипите на Шведска и Јапонија, нормално, покрај домаќинот.
Камерун не успеал да достави комплетна документација за визи и покрај напорите од Унгарија и ИХФ да биде решено тоа прашање.
Потоа, ИХФ не успеал ниту со другите африкански држави како Сенегал, ДР Конго итн. кои не биле спремни за кратко време да се организираат и да играат квалификации. 

Така, ИХФ остана со Вајлд карта и реши да и ја понуди на Велика Британија. Тие прифатија и ќе бидат дел од Квалификациите за ОИ, во кое реално шансите им се еднакви на нула. 

foto: Cameroon.net

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk