Охрид купува познат пивот од Србија?

Охрид станува атрактивен клуб, особено кога се во прашање засилувања и тоа странски. Нивото на нивните нови аквизиции станува сѐ повисоко и тоа се рефлектира и на нивната игра и резултати. 
Во моментов неколку атрактивни имиња од тип на Мандалиниќ се споменуваат како потенцијални засилувања за следната сезона, а српскиот портал Балкан Хендбал тврди дека нивниот поранешен репрезентативец, Живан Пешиќ доаѓа во Охрид летово.

Живан Пешиќ е поранешен играч на Веспрем, Целје, Адемар, Нексе...а во моментов игра за новосадска Војводина. Има 32 години и уште има што да покаже на терен. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk