Уште еден Хрват ќе игра за Романија

фото: hcm constanta

Новиот селектор на Романија, Георге Буричеа, повел иницијатива за натурализирање на уште еден ракометар, за потребите на машката сениорска репрезентација.
Буричеа, тренер на Констанца, побарал од претседателот на федерацијата, Константин Дин да го забрза процесот за добивање на романско државјанство и право за настап на левото крило на Констанца, Валентино Равниќ.
Овој Хрват од 2022 игра во Романија и наводно е расположен да заигра за репрезентацијата на Романија, а фокусот е на ЕП 2026.
Ова ќе биде втор Хрват во романската репрезентација по Анте Кудуз, а ги имаат и Саед Хеидарирад Хавиер Хумет како натурализирани ракометари. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk