Алкалоид со три бода од Т. Пролет

АЛКАЛОИД - Т. ПРОЛЕТ  28-23 (15-11)

Екипата на Алкалоид го совлада на домашен терен тимот на Т. Пролет и во пресрет на незгодното гостување во Кавадарци го задржа чекорот зад Вардар и Е. Пелистер и за момент го мина Охрид на третото место.
Алкалоид против скопскиот ривал имаше условно кажано проблеми само во првите дваесетина минути, во кои гостите имаа и водство, но до крајот на полувремето го презема водството и имаше плус четири (15-11). 
Вториот дел мина во сличен ритам, воглавно безбедно водство од 5-6 гола разлика и сигурни три бода на крајот на натпреварот. 
Дамјан Митев со пет гола беше најефикасен со пет гола во редовите на Алкалоид, а најефикасен кај Пролет и воопшто на мечот беше Ласко Андоновски со девет постигнати гола.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk