Вардар го реши Е. Пелистер и ќе се бори за титула до крајот

ВАРДАР 1961 - Е. ПЕЛИСТЕР 24-20 (12-11)
Сала: Јане Сандански“ во Скопје. Судии: Сашо Кркачев и Ѓоко Колевски: Делегати: Марјан Начевски и Драган Начевски
ВАРДАР 1961: Томовски, Јагуриноски, Аларов 1, Георгиевски 4, Карапалески, Јасухира 6, Родригез 4, Лазареовски 3, Гојковиќ, Срдановиќ, Николиќ 1, Петриќ 4, Ѓукиќ 1, Ќосевски, Мело, Гогов
Седмерци: 3/3 Исклучувања: 2 мин
Е. Пелистер: Лесјак, Манасков, Цехте 6, Кузмановски, Тајник 1, Борзаш, Танкоски, Радивојевиќ 4, Кузмановски 3, Гедбан, Петровиќ, Петар А, Ѓорговски, Васиљев 2, Пешевски 4, Павле А, 
Седмерци: 2/5 Исклучувања: 6мин.

Битката за шампионската титула во Македонија ќе се води веројатно до последното коло. Вардар денеска го совлада шампионот Е. Пелистер и се доближи на два бода и ќе врши притисок на Пелистер до крајот на првенството.

Првиот дел мина под контрола на Вардар кој диригиран од својот јапонски композитор успеваше да дојде до плус два, но веднаш потоа битолчани наоаѓаа решенија и начин да израмнат. Па така резултатски беше 5-3, 6-4, 6-6, 10-8, 10-10, 12-10.
Во вториот дел битолчани израмнија веднаш ша битката се водеше гол за гол со тоа што битолчани постојано израмнуваа. 
Голманите Томовски и Лесјак имаа значајна улога во овој дел од средбата, а и Стефан Петриќ со три гола по ред му донесе на двапати плус два.
По 10 минути беше 17-17, а откако Јагуриноски не успеа да погоди, битолчани во 42 минута преминаа во водство (18-17).
Следеа два избрзани шута на Петриќ и Родригез, потоа и Косуке не успеа да го совлада Лесјак, а од сето тоа Е. Пелистер имаше два обида да поведе со плус два. Долго стоеше резултатот 18-19, во меѓувреме и со седум на шест се обиде Пелистер, но без успех. Конечно, во 48 минута, Вардар израмни преку Ѓукиќ. 
Кризираше нападот на Е. Пелистер во овој период, не само што пропупшти да поведе со плус два, туку го одведе мечот во пресврт, па во 52 минута Вардар одново водеше (21-20), а потоа од контра напад Родригез донесе 22-20.
Судиите Кркачев и Колевски досудија пробивање на Пешевски во следниот напад, а потоа и пенал за Вардар во следниот напад, а Косуке за прв пад донесе плус три на пет минути.
Потоа следеше пробивање и од Кузмановски, па во следниот напад уште едно пробивање исто од Кузмановски и Вардар ги одбрани тие 23-20. 
Потоа и Георгиевски погоди за 24-20 на минута и пол до крајот и мечот беше решен.


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk