Нексе и Безјак ќе ја платат сметката

Хрватите се решени да стават крај на недоличното однесување на терен, а казната ќе ја плати Нексе.
Инцидентот на дербито со Загреб не само што го реши натпреварот во полза од 10-0 за Загреб, туку Нексе губи и бод и практично се збогува со шансите за титула.
Покрај ова Веселин Вујовиќ по само неколку натпревари на клупата на Нексе се соочува со суспензија, исто како и ракометарот Андреж Велкаврх.
Но, најголемата казна ќе биде резевервирана на Марко Безјак, кој го турна со рамото делегатот Анте Јосиќ по кој следеа сцените што доведоа до прекин на натпреварот. 
Три, шест месесци суспензија за 37 годишниот ракометар, а можеби и доживотна суспензија се споменува низ хрватските медиуми. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk