Кузмановски: На дерби со кренати глави


Попладнево од 18:00ч во „Јане Сандански“ силите ќе ги одмеруваат екипите на Вардар и Пелистер, диектен дуел за шампионската титула.
Домашниот терен е за Вардар, шансите за освојување на пехарот на страна на битолчани. Меч што не треба да се пропушти. 

„Ова ќе биде сосема различен меч од оној првиот во кој рутински стигнавме до победата. Вардар ќе игра на домашен терен, ние можеби малку сме изморени бидејќи имавме тежок меч со Алкалоид. Тактички дотеравме некои работи во нашата игра, можеби ќе повториме одредени акции кои ни успеаја на првиот меч со Вардар, но најважно ќе биде да имаме вистински пристап на овој дерби меч.
Одиме со кренати глави, полни со самодоверба на мегдан со Вардар, на последното дерби со Алкалоид покажавме извонреден карактер и се надевам дека истото ќе го демонстрираме и на претстојниот меч со големиот ривал“, изјави Филип Кузмановски.

фото: РК Еурофарм Пелистер

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk