Денеска, дерби за шампионска титула


Големото дерби меѓу двата главни фаворита за шампионската титула годинава, екипите на Вардар и Е. Пелистер ќе се одигра попладнево во Скопје со почеток од 18:00 часот.
Несигурноста на Вардар и Алкалоид во плејоф шампионатот го ставија Пелистер во улога на голем фаворит и доколку денеска успее да остане непоразен во Скопје, одбраната на титулата ќе зависи од дуелите со Тиквеш, Охрид и Алкалоид , а два од нив игра на домашен терен, 
Е. Пелистер е многу блиску до одбраната на пехарот, но Вардар со враќањето на Јасухира во игра е поинавко тим, а дека може сериозно да се смета на него покажува и Кубанецот Родригез кој дополнително го забрза тимот. 
Севкупно, денеска нѐ чека интересно дерби. 

По дуелот меѓу Вардар и Пелистер, од 20:00 часот се среќаваат Алкалоид и Т. Пролет. 

 

СУПЕР МАШКА ЛИГА – ПЛЕЈ ОФ/АУТ – КОЛО 8

09.04.2024 – ВТОРНИК

18:00 часот РК ВАРДАР 1961 – РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – пренос во живо на МРТ

20:00 часот РК АЛКАЛОИД – РК ПРОЛЕТ 62

фото: РК Еурофарм Пелистер

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk