Кнор ќе биде новиот Хансен?

photo:Rhein Neckar Loewen

Германскиот Билд денеска ја разбуди ракометната јавност со информацијата дека Алборг за наследник на Микел Хансен го одбран германскиот централен бек Јури Кнор, играч на РНЛ. 
Веста не е ниту потврдена, ниту демантирана и се чини дека има реални шанси да биде реализирана. 

Микел Хансен и Јури Кнор тргнаа по иста патека во кариерата. Двајцата не успеаја како играчи на Барселона, па каталонците ги ослободија, по што нивните кариери, особено таа на Микел Хансен отиде нагоре.
Јури Кнор се врати во својата татковина и сега го носи на грб РНЛ и репрезентацијата, а тоа и не му оди којзнае колку добро со оглед на високите очекувања. Неговиот договор со РНЛ е до јуни 2026, но предвидувањата се дека во јуни 2025 ќе се пресели во Данска. 

Алборг, пак, имаше одличен беко во Феликс Клар, но тој иако го доведе до финале на ЛШ не беше звучен како Микел Хансен. Хансен, пак, им донесе популарност, но не и резултати, па дури ни домашно првенство не освоија. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk