ВИДЕО: Прекин на хрватското дерби, Нексе - Загреб

Долгоочекуваниот дуел меѓу Нексе и Загреб во рамки на домашното првенство на Хрватска не траеше ниту едно полувреме. 
Се играше во Нашице, резултатски доминираше Загреб, водеше 16-9, а домашните незадоволни од судењето, особено по голот на Мелиќ за 10-16 исценираа мешаница на записничката маса. 
Притоа нивното најголемо засилување Марко Безјак со раме намерно )(малку) го поттурна делегатот, кој потоа падна, па му беше пружана помош и на крајот беше одлучено натпреварот да не се доигра. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk