Македонија со победа оди на ЕП 2024

МАКЕДОНИЈА - ЛИТВАНИЈА  34-24 (18-12)
Комплетна официјална статистика од натпреварот - Линк

Женската репрезентација на Македонија со победа, вкупно четврта од шест одиграни квалификациски натпревари го заврши циклусот за пласман на ЕП 2024 што ќе се игра во Швајцарија, Австрија и Унгарија. 
Македонија го освои второто место во квалификациите, што според начинот на кој се рангираат екипите во ждрепката ќе ја смести нашата репрезентација во третиот шешир, заедно со Србија, Хрватска...

Вечерва македонската репрезентација за противник ја имаше селекцијата на Литванија и ја оправда улогата на фаворит, победувајќи со убедливи 10 гола разлика (34-24). 
Израмнето беше во воведните десетина минути од средбата, а потоа Македонија почна да ја зголемува предноста која на полувреме беше 18-12.
Во вториот дел, македонските ракометарки само ја продолжија доминацијата и без поголеми проблеми стигнаа до посакуваната победа. 

Седлоска и Ризоска со по шест постигнати гола беа најдобрите стрелци во македонскиот тим на овој натпревар. 



 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk