Против Литванија за крај на квалификациите

Женската репрезентација на Македонија денеска со почеток од 18:00 часот ќе го одигра последниот натпревар од квалификациите за Европското првенство што во ноември-декември ќе се одржи во Швајцарија, Австрија и Унгарија. 
Противник на Македонија е репрезентацијата на Литванија, екипа што ја победивме во второто коло на гостински терен. Резултатски овој натпревар на Македонија не и менува ништо, во никој поглед. Не моежеме до првото место, не влијае на тоа во кој шешир ќе бидеме во ждрепката и не може ниту да ни наштети во поглед на ранкинг или рејтинг.
За противничката екипа, составот на Литванија и освоен бод веројатно ќе значи пласман на ЕП, како дел од најдобрите третопласирани екипи.

Натпреварот ќе се игра во салата „Борис Трајковски“, влезот е слободен.  

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk