Лазаров: Пелистер е подобар, но разликата е превисока

Алкалоид запиша нов пораз, воглавно очекуван, од екипата на Е. Пелистер, но не и очекувана разлика од 10 гола. Кирил Лазаров, ја призна реалноста по дуелот. 

„Мислам дека во овој момент Пелистер е подобар тим од нас, и индивидуално и колективно. Заслужено победија. Ние во второто полувреме направивме мини-серија со која дојдовме до два разлика и помисливме дека можеме, но во тие моменти загубивме доста топки и промашивме зицери.
Сакавме пребрзо да се вратиме, а „пелистерци“ тоа многу искусно го искористија и ја зголемија својата предност. Мислам дека можеби е нереално да се заврши со десет гола негатива, ова беше добар ракометен меч, но што е тука е, тие во моментов се многу поискусни од нас и подобри за ваков тип на натпревари.
Ова е лекција за да работиме уште повеќе. Пелистер има зад себе напорна сезона во која играше и во ЛШ, можеби ги загуби сите натпревари, но тоа дефинитивно беше од корист за кревање на формата, за сега овој тим да изгледа така како што изгледа“, изјави Кире Лазаров.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk