Охрид со три бода од Кавадарци

ГРК ТИКВЕШ - ГРК ОХРИД  22-25 (12-13)
Мијатовиќ 6, Анастасовски 4 - Цирар 7, Ојлески 5

Екипата на Охрид продолжува да држи европски курс и со триумф над директниот ривал ГРК Тиквеш Кавадарци и тоа како гостин (25-22) подобро се позиционираше на табелата.
Натпреварот беше тврд со тесни резултатски водства и пресврти, како што и можеше да се очекува. Имаа свои минути гостите и поведоа со 11-7, но не направија капитална предност, напротив на полувреме беше само гол предност за Охрид (13-12).
Израмнија и поведоа домашните во вториот дел. Имаа и 18-16 и 21-20. По ова следеше 3-0 за гостите, поведоа со 23-21 и ја задржаа разликата до конечните 25-22. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk