КУМАНОВО - МУЛТИ ЕСЕНС 29-28 (14-12)
МРК Куманово запиша многу важна победа која го носи во позиција да се бори за директен опстанок во Суперлигата следната сезона.
Противник на Куманово беше екипата на Мулти Есенс, која, пак, ги намали шансите за опстанок по денешниот натпревар, но има уште цел круг д се игра и во Плејаут и сѐ е можно.
Мечот во Куманово беше изедначен во првото полувреме. Двете екипи беа во егал, а првпат еден колектив се одлепи на два гола пред финишот на првиот дел, кога МРК Куманово од 12-12 постигна два гола во серија за 14-12 на паузата.
По петнаесет минути игра од вториот дел, МРК Куманово имаше и 21-16, што беше највисок плус на натпреварот. Сепак, гостите со пожртвувана и фокусирана игра израмнија на 22-22 и се влезе во неизвесна завршница која на крајот му припадна на домаќинот за еден гол (29-28).