Голем чекор на Е. Пелистер кон одбрана на титулата

АЛКАЛОИД - Е. ПЕЛИСТЕР 25-35 (12-16)
Сала: „Автокоманда“ во Скопје. Гледачи: 1000. Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов. Делегат: Марјан Начевски.
РК АЛКАЛОИД: Галевски 1, Трајкоски, Џонов 3, Петров 1, Маркоски, Младеновиќ 2, Серафимов 5, Карасманакис 2, М. Митев 1, Ѓоргиев, Велковски 4, Бинго, Кофиловски, Д. Митев 6, Савревски, Димовски
Седмерци: 6/7. Исклучувања: 6 мин.
РК Е. ПЕЛИСТЕР: Лесјак, Гедбане, Манасков 3, Цехте 12, Кузманоски, Тајник 3, Борзаш 3, Танкоски, Радивојевиќ 6, Кузмановски 4, Петровиќ, Пе. Атанасијевиќ, Ѓорговски, Васиљев, Пешевски 4, Па. Атанасијевиќ
Седмерци: 3/3 Исклучувања: 12 мин.


Актуелниот првак, Е. Пелистер вечерва направи голем чекор кон одбрана на шампионскиот пехар, со гостинска победа над еден од тимовите што играат важна улога во првенството, екипата на Алкалоид.
Битолчани ја имаа улогата на фаворит на овој натпревар и ја одбранија. Сепак, се работи за поинаков концепт, поинаку составен колектив во кој има повеќе репрезентативци (стартери) и многу повеќе странци, а вечерва меѓу нив Словенците Лесјак и Цехте имаа клучна улога. Воопшто тоа е тим што е создаден за играње во Лигата на шампионите.
Со оваа победа, во пресрет на првото коло од вториот плејоф круг, битолчани имаат пет бода предност пред Вардар и осум во однос на Алкалоид и практично во вторник, кога ќе му гостуваат на Вардар ќе имаат шанса да решат се. 

Првите десетина минути минаа во израмнет ритам, а по 10 минута, Алкалоид врза две промашувања што беа казнети со гол, потоа останаа и со четири играчи во пола што исто така беше казнето и гостите од Битола од 7-7, поведоа со 11-7, потоа беше 13-9 и 15-9, за на полувреме да се замине со резултат 16-12. 

Алкалоид запна посилно на стартот на вториот дел, намали на 18-20, но важниот исчекор го немаше. Битолчани се одбранија и брзо ја вратија предноста на 4-5 гола разлика. Како одминуваше времето, стануваше сѐ појасно дека домашниот состав нема сила за да направи пресврт, напротив грешеше се почесто и разликата се зголеми до конечните 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk