Проблем за Генсхајмер, казни од ЕХФ, циркус на стари години...

foto: Archive/RNL

Зошто нас не ни е чудно? Поради фрлање на предмети на теренот и насилничко однесување на навивачите, ЕХФ ја казни федерацијата на Турција со 4.000 евра. Инцидентот се случил за време на натпреварот со Италија, одигран во ноември. 

Не гледа кај мава. ЕХФ одлучи да ја суспендира украинската ракометарка Алиса Петрив на три официјални натпревари. Петрив жестоко и безобѕирно стартуваше и ја повреди германската ракометарка Алина Гријселс  на дуелот од квалификациите. Доби директна дисквалификација, а сега и суспензија и ако Украина се пласира на ЕП, за што има голема шанса, нема да смее да игра на првите два од вкупно три меча од Прелиминарната рунда. 

Циркуз на стари години. Романската легенда Кристијан Гату ќе ги загуби златните медали освоени на СП 1970 и 1974 и медалот од ЛШ освоен 1977 со Стеауа. Ќе го загуби и Златниот беџ од ИХФ и сите спортски дипломи и признанија. Тие ќе станат сопственост на неговата (бивша) жена. 
Имено, на 78 годишна возраст, по 53 години брак сопругата на Гату бара развод и отштета, затоа што тој ја изневерил со 25 години помлада негувателка и тоа во период кога таа водела грижа за него откако имал удар.

Опасно по живот. Поранешниот германски репрезентативец Максимилијан Јанке е принуден да ја заврши кариерата веднаш. Срцеви проблеми има 31 годишниот бек и играњето ракомет за него станува опасно по животот. 

Не било пишано. Германската легенда Уве Генсхајмер беше спремен за кам бек по повредата и во последните неколку кола од Бундеслигата требаше да ја заокружи кариерта. Но, во предвечерјето на неговиот камбек имаше враќање неколку чекори назад. Повредата не е минато и прашање е дали ќе може да одигра барем еден натпревар до крајот на сезоната за РНЛ. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk