фото: СЕХА
Се зголемува друштвото на врвни играчи што летово ќе му кажат збогум на ракометот. Тука се Никола Карабатиќ, Микел Хансен, Уве Генсхајмер, од денеска и Џуан Кањељас. Претходно збогум најавија Драган Гајиќ, Винсен Жерар, а потврда стигна и од Загреб.
Меѓу можноста да игра уште една сезона и понудата да биде асистент тренер, крилото Иван Чупиќ се реши за втората опција, да биде тренер. Одлуката за ракометна пензија ја потврди во интервјуата за хрватските медиуми, и во моментов изгледа сосема логична, особено по враќањето на ветеранот Златко Хорват.
Загреб исплива од дивите водиво кои беше минатите години благодарение на константното добивање на вајлд карта за настап во Лигата на шампионите. Годинава одиграа добра сезона и чекаат нова вајлд карта, а во меѓувреме најавија и три нови играчи. Ниту едно од овие имиња нема да ви звучи познато, но Загреб има нос да пронајде и вклопи во својот систем непознати играчи.
Па така најавен е десниот бек Михајло Радојковиќ од Србија кој игра за Бешикташ. Тој треба да го замени Куни Моралес кој допрва ќе треба да докаже дека е здрав за трансфер во Татабања.
Игор Бељавски од СКА Минск и Ивано Павловиќ од Извиѓач се другите двајца. На излезна врата се Пантјар и Моралес.
Најголемиот плус за следната сезона, според новиот асистент Иван Чупиќ е што Загреб знае што сака и како сака да игра тимот следната сезона.
Поврзани вести