Шпанската и вардарова легенда кажа СТОП!

фото: Archive/RK Vardar

Никола Карабатиќ, Микел Хансен и Уве Генсхајмер денеска добија друштво. Џуан Кањељас, ракометарот кој со Вардар стана европски шампион објави дека по Олимписките игри во Париз ќе ја заврши кариерата. 
Шпанецот во моментов игра и тоа сосема солидно во екипата на Кадетен Шафхаузен. 
Кањељас има 37 години и има освоено речиси сѐ. 
На клупски план  играше за Барселона, Сиудад Реал, Атлетико Мадрид, Кил, Вардар, ПИК Сегед и Кадетен. Освојувал првенства на Шпанија, Германија и Македонија, ја освои СЕХА и Супер глоуб и секако Лигата на шампионите во 2017 со Вардар.
Репрезентативно има девет медали од СП и ЕП од кои три се златни. Единствениот медал што го нема во колекцијата е медал од Олимписки игри. Летово, ќе има шанса да ја комплетира колекцијата. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk