ЛШ: ПСЖ на Барса, Веспрем на Алборг

foto: PSG Hand

Познати се четирите парови кои ќе ги дадат годинешните учесници на Фајналфор турнирот во Келн. Тоа ќе бидат победниците од дуелите меѓу Кил и Монпеље, потоа Магдебург и Келце и двата пара што се формираа вечерва.
ПСЖ ја елиминираше Висла Плоцк (34-33) и тоа го носи на дуел со Барса во 1/4 финалето.
Ваков расплет за Никола Карабатиќ, Раул Гонзалез и другарите сигурно не е посакуван, но, ако сакаш да станеш европски првак - мора да ја победиш Барса. 

Микел Хансен до својот последен обид да стигне со единствениот пехар што му фали, титула од Лигата на шампионите, ќе мора прво да го елиминира Веспрем.
Веспрем одново со седум гола разлика денеска (39-32)  го совлада ПИК Сегед и верувале или не -  24 пат се пласираше во ТОП 8!
А сѐ уште нема шампионска титула. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk