Лазаров: Уживав и кога играв и кога го гледав како игра

foto: RFM


Микел Хансен оди во пензија. Еден од најдобрите на сите времиња помалку неочекувано го скрати својот играчки век и реши да се посвети на другите работи што го „влечат“. 
Данците иако во моментов имаат и премногу добри замени за Хансен се најдоа затечени. Следниве месеци ќе бидат посветени на Хансен, а испраќањето почна уште од денеска, со коментари и мислење на најдобрите во спортот.
Еден од најдобрите на сите времиња во спортот е и Македонец, Кирил Лазаров. Данската ТВ 2 нему прв му се обрати за коментар за крајот на кариерата на ривалот Микел Хансен. 

„Бев изненаден од веста дека Микел Хансен ја завршува кариерата летово. Не очекував толку рано да заврши фантастична кариера, затоа што во мои очи играше на високо ниво и во клубот и во репрезентацијата.
Тој е автентичен и препознатлив играч, еден од најдобрите на сите времиња. 
Играл со можеби технички најдобро изработен шут и додавање во историјата. Имаше голема кариера и јас уживав додека играв против него и додека го гледав како игра. Кога го гледаш него, мислиш дека ракометот е едноставна игра, а не е така“, изјави Лазаров за данската ТВ2. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk