Загреб и ГОГ елиминирани од ЛШ

foto: Industria Kielce

Полскиот првак Келце се пласираше во 1/4 финалето на Лигата на шампионите и во битка за пласман на турнирот во Кил силите ќе ги одмерува со актуелниот европски шампион, екипата на Магдебург. 
Вечерва, полскиот тим предводен од Алекс Душебаев (7 гола) со 33-28 го совлада тимот на ГОГ, а имаше и плус осум од првиот меч, па ревијално се прошета до 1/4 финалето. 

Сосема поинаку беше во Монпеље, каде што гостуваше Загреб. Оваа средба почна без предност, на првиот натпревар беше нерешено, па предноста беше само во домашниот терен. 
Загреб беше рамноправен и опасен цело прво полувреме и во воведниот дел од второто, а тогаш се разигра познато име. Сташ Скубе постирна четири гола и ги разигра Пелас и Карлсон, а резултатот од 17-17 стана 24-19 за францускиот тим. 
До крајот ништо сензационално, конечни 30-24, а во 1/4 финалето и на дуел со Кил оди екипата на Монпеље. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk