Македонија се пласираше на ЕП 2024!

фото: РФМ

АЗЕРБЕЈЏАН - МАКЕДОНИЈА  22-37 (12-19)
Македонија: Мицевска, Петковска, Гакидова 4, Коларовска 5, Џатевска 2, Ѓоргиевска, Младеновска 4, Јанкуловска 2, Кипријановска 1, Седлоска 1, Арсениевска 1, Ристовска 6, Стефаноска 1, Маџовска 2, Саздовска 7,  Гичевска 1

Женската репрезентација на Македонија ја совлда селекцијата на Азербејџан во петтото коло од квалификациите за ЕП 2024 и обезбеди свое седмо учество на Еворопско сениорско првенство. 
Македонскиот тим денеска доминираше на натпреварот во Баку. Почнавме убедливо, поведовме со 4-1 и 5-2, а потоа дојде период на подобра игра на домашниот состав кој успеа да израмни на 5-5, 7-7...
До 22 минута се играше релативно израмнето (11-12), потоа Македонија одново ја презема иницијативата и поведе со 17-12, а до полувреме стана и плус седум.
Во вториот дел домашните немаа што да понудат ново и решавачко за каков бил пресврт, Македонија ја оддржа разликата и ги освои бодовите.



Сега Македонија има шест бода и доколку Шпанија попладнево (18:00) остане непоразена во Литванија, тогаш и математички сме пласирани на ЕП. 
Но, дури и Литванија да добија некоја супер моќ и ја победи Шпанија, а потоа дојде и во Скопје и ја победи Македонија со разлика поголема од четири гола, Македонија пак ќе биде пласирана на ЕП. 
Ова се должи на тоа што дури и како третопласирани, би имале два бода, а досега на таа табела само Србија има бод. Другите шест екипи се со нула, па ќе треба да се случи чудо на чудата и четири од седум екипи да победат фаворит во последното коло... 
Тоа е толку неверојатно што го споменуваме само како математичка опција, а веруваме дека вечера во 19:30 математички ќе биде затворен кругот. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk