Хансен: Беше чест и привилегија, но доста е!

foto: Screenshot TV2

Еден од најдобрите ракометаи на сите времиња, данскиот ас Микел Хансен, денеска официјално објави дека ја завршува ракометната кариера, една година порано од тоа што го предвидуваше неговиот договор со Алборг.

„Беше чест и привилегија 20 години да живеам со спортот што го сакам. Се уште имам желба и посветеност, но дојдов до момент кога и други работи ме тргаат на страна. Затоа мислам дека летово е вистинскиот момент да кажам стоп“, изјави Микел Хансен на денешната прес конференција на која ги обелодени плановите. 

Последниот настап на Микел Хансен ќе биде на ОИ Париз, а ракометнот свет ќе треба да се подготви за спорт во кој веќе нема да ги гледа Никола Карабатиќ, Микел Хансен, Уве Гензајмер, Винсен Жерар, претходно се одјавија и Лик Абало, Кирил Лазаров, Виктор Томас ...
Имаме нови ѕвезди, но овој спорт веќе нема да биде истиот. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk