Македонија денеска со печат на пласманот на ЕП 2024

фото: РФМ

Женската сениорска репрезентација на Македонија денеска ќе ја има првата меч топка за прекин на девет циклуси долгата неуспешна серија прекува квалификации да обезбеди учество на Европско првенство. Последен пат, на ЕП преку квалификации се пласиравме во 2012 година и оттогаш имавме десетгодишен пост. Сега се надеваме дека уште денеска ќе биде верификувано првото учество обезбедено преку квалификации.
Да нема забуна, Македонија учествуваше и на претходното ЕП, но тоа е комплетна заслуга на РФМ кој успеа да обезбеди домаќинство на шампионатот. Тоа учество, пак и отвори врата на репрезентацијата како екипа од втор шешир да влезе во квалфикациите. 

Денеска во 15:00 часот играме со најслабата репрезентација во групата и доколку победиме или освоиме бод, а притоа Шпанија како гостин ја совлада Литванија, Македонија ќе има обезбедено директен пласман на ЕП на коло до крајот. 
Но, имајќи предвид дека и четири третопласирани екипи ќе играат на ЕП, треба да се случи навистина не едно туку четири-пет чуда низ квалификациските групи во овие две кола за да пласманот да ни биде доведен во прашање. 

Селекторот на македонската репрезентација, Кристијан Грчевски, на располагање денеска ќе ги има следниве ракометарки. 


 
1.
4400140:718
2.
4202110:1004
3.
4103116:1392
4.
410396:1522

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk