Цупара шоу во Данска, шок за Хановер во Гетеборг

foto: Archive/SEHA

Одиграни се два од четирите нокаут натпревари за пласман во 1/4 финалето на Европската лига. Екипата на Хановер доживеа бродолом во Гетеборг. 
Германците со плус четири тргнаа кон Шведска и таму загубија со неверојатни девет гола разлика! Феликс Мелер и Густаф Вендберг со по седум гола му пресудија на германскиот тим. 
Владимир Цупара имаше 22 одбрани на дуелот со Бјерингбро Силкеборг, а од нив 17 до 35 минута во која Динамо водеше 18-10. Потоа Данците стигнаа и до 21-23, но одново Цупара додаде уште пет интервенции за конечни 27-24 и пласман во 1/4 финалето каде што го имаат најлесниот противник - Скјерн од Данска. 

ДЕНЕСКА ИГРААТ:
Бјерингбро - Динамо 24-27 (34-37)
Динамо Букурешт ќе игра против Скјерн
Севехоф - Хановее  34-25 (30-34)
Севехоф ќе игра против Флензбург
20:45  Берлин - Кадетен (32-28)
Победникот ќе игра против Нант
20:45  РНЛ - Нексе (24-19)
Победникот ќе игра против Спортинг
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk