Микел Хансен кажува СТОП!

Foto: LNH

Данската ТВ2 денеска информираше дека според нивни извори, Микел Хансен, една од најголемите ракометни ѕвезди, летово ќе ја заврши кариерата. 
За утре е најавена прес конференција на која еден од најголемите на сите времиња ќе ја официјализира информацијата. 
Микел Хансен во моментов е повреден и е вон акција на неодредено време. Веројатно ќе го видиме до крајот на сезоната одново на терен, веруваме дека репрезентацијата ќе му направи чест и ќе биде на терен и на Олимписките игри во Париз, а потоа исто како и неодамнешниот соиграч, а сега ривал, Никола Карабатиќ ќе ги остави патиките покрај теренот пред да влезе во соблекувалната. 

Списокот на остварувања на Микел Хансен е долг, а таму фали само титула од ЛШ. 

Шампион на Данска: 2007, 2011, 2012
Куп на Данска : 2005, 2011, 2012
Двојна круна Шпанија: 2009, 2010
Првак на Франција: 2013, 2015, 2016, 2017, 2018, 2019, 2020, 2021, 2022
Куп на Франција: 2014, 2015, 2018, 2021, 2022

Медали со репрезентацијата на Данска
Светско првенство: Злато во 2019, 2021 и 2023 – сребро во 2011 и 2013
Европско првенство: Злато во 2012 – сребро 2014, 2024 – бронза во 2022
Олимписки игри: Злато 2016 – сребро 2020

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk