Динамо (Б) ќе се сели во Клуж?

foto: Archive/ Dinamo Bucuresti

Може да го гледа од кој агол како сака, ама трката за вајлд карта за Лигата на шампионите следната сезона тргна од Букурешт. 
Екипата на Динамо Букурешт, екипа од ЕХФ Европската лига е тим во кој играат ѕвезди како Али Зеин, Лука Цидриќ, Владимир Цупара итн. и сигурно ќе има подобра стартна позиција од тоа што нас не интересира, а тоа е дека се во предност во однос на пример Е. Пелистер кој е првиот фаворит за шампионскиот пехар кај нас, но со поразителна статистика од сѐ уште тековната сезона во која имаше 14 нули. Нивниот буџет, логистика, фактот што минатата година ЕХФ нивното место го додели на Колстад ќе бидат и натаму силен адут за Романците. 

Нивниот хендикеп е тоа што главната сала во Букурешт, „Поливалента“ е во лоша состојба и се реновира, а друга сала во градот што ги исполнува условите за ЛШ - нема. 

Претседателот  на романската федерација и генералниот секретар ја објавија веста дека Динамо Букурешт, би можел европските мечеви на домашен терен да ги игра во Клуж. Toa нема да им се допадне во престолнината затоа што дистанцата е околу 450 киломтери и тоа по лош пат каде повеќе од пола пат не е автопат.
Во овој град има две сали. Едната во која Македонија и Романија пред пет години играа квалификации и која не ги исполнува условите, но веднаш до неа има друг поголем и речиси нов објект кој би го израдувал ЕХФ. 

Како и да било, Романија ќе биде еден од конкурентите на Македонија за вајлд карта за ЛШ. И тие веќе влегоа во комбинација како да ја вратат ЛШ кај нив. Одлуката за изгледот на ЛШ следната сезона ќе биде донесена за околку два месеца. Нема многу време да се интервенира на еден или друг начин. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk