Вести: Португалско крило на македонски радар, трансфери...

foto: Aquas Santas

За десното крило на екипата на Акваш Санташ, порано и на Порто, според официјално непотврдени информации е заинтересирана македонска екипа. Според информациите до кои дојде G-SPORT се работи за 24 годишниот Мигуел Пинто, 195 см висок ракометар кој сезонава има просек од 2.5 гола по натпревар, а заинтересираниот клуб е скопски Вардар.

Новиот романски државјанин, голманот на Динамо Букукрешт, Саед Хеидарирад ќе мора да помине уште пет недели со имобилизирана нога, па потоа ќе се види дали докрајот на сезоната има шанса да се врати на терен. 

Голманот Доминик Кузмановиќ, на неколку натпревари на ЕП најдобриот играч на Хрватска ќе замине од екипата на Нексе и најверојатно од 2025 ќе се пресели во бундеслигата, во екипата на Гумерзбах. 

Екипата на ФТЦ во машка конкуренција сака да го ангажира бекот на ПИК Сегед и унгарски репрезентативец Рихард Бодо. 

Екипата на Спортинг Лисабон го ангажираше аргентинскиот интернационалец Педро Мартинез кој во моментов игра за екипата на Ал Араби од Катар. 




 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk