Вардар го преживеа и Охрид

foto> GRK Ohrid

ГРК ОХРИД - РК ВАРДАР 1961   25-27 (12-11)
Ојлески 4, Цирар 4 - Ансер 9, Ѓукиќ 5

ГРК Охрид не успеа да креира ново изненадување во Суперлигашкиот плејоф. Вечерва во Билјанини извори бодовите ги однесе поспретниот и пофокусиран тим на Вардар. 
Не беа без шанса домашните, беа комплетно рамнправни, особено во првиот дел во кој дури и излегоа како победници (12-11).
Во вториот дел, голема битка, гол за гол, времето минуваше и дојде периодот кога секоја грешка или одбрана е решавачка. А тука Вардар е свој на свое. Охрид не се снајде, Вардар поведе 24-20 во 53 минута по што Алушовски мораше да бара тајм аут.
По ова следеше јуриш на домашните кои стигнаа на 23-24 на четири минути до крајот. 
И тука одново до израз дојде ладнокрвноста на гостите. Следните два напади домашните направија две исклучувања и тоа од пуста несмасност, а не од ракометен фаул или старт. 
Останаа со четири играчи и Вардар веднаш казни, стигнапак до плус четири 27-23 и ги однесе бодовите за Скопје. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk