-
31.03.2024
-
Вести, Планета ракомет
фото: Olympiacos
Во деведесеттите се викаше Куп на Градови и беше доста популарен затоа што малку екипи имаа шанса да излезат во Европа во тие години. Седум од осум пати го освојуваа германски екипи, а еден од нив е и Флензбург
По 2000 година Европските купови се проширија со број на учесници, а Купот на Градови се ребрендираше во Челинџ Куп. Во овој Куп, оттогаш не играат екипи од седумте најдоброрангирани држави и како таков постоеше 20 години. Имаме и едно македонско учество во финале, во 2002, Пелистер играше со данскиот Скјерн и не успеа. Новото ребрендирање дојде во 2020-21 и оттогаш се вика ЕХФ Европски Куп.
Нема групни фази, се игра по систем на елиминации, старата добра нокаут шема, дома-гости.
Со оглед на квалитетот, буџетите, инфраструктурата и ред други работи, ова е Купот во кој потенцијално македонските екипи во иднина би можеле да остваруваат резултати.
До неодамна бевме во повисокиот ранг, но македонските клубови немаат капацитет да го одржат високото ниво, па се слизнаа надолу и тековната сезона имавме еден, наредната, ако не добиеме место во ЛШ, ќе имаме два претставника во овој Куп.
Зошто велиме дека македонските клубови би можеле овде да имаат успех?
Па вчера се играа првите 1/4 финални дуели од тековната сезона и постигнати се следниве резултати:
Крка (Словенија) - Олимпијакос (Грција) 19-25
Брегенц (Австрија) - Минаур Баја Маре (Романија) 30-28
Татран Прешов (Словачка) - ФТЦ (Унгарија) 28-31
Валур (Исланд) - Стеауа (Романија) 36-30
Лесно можеме да замислиме, кој било тим од првата четворка во македонското првенство, со малку посериозен пристап, извесни играчки корекции и добро одработена логистика меѓу овие осум акуелни 1/4 финалисти да се бори за место во полуфиналето, па и за европски пехар или мала сребрена ѕвездичка како украс на логото...
Поврзани вести