Прв самурајски дуел во Македонија

Двајцата самураји во македнското првенство, прв пат ќе ги вкрстат катаните денеска, на попладневната дерби пресметка меѓу Охрид и Вардар. Косуке Јасухира на црвено-црната, Хироши Мацуока на сино-белата, домашната страна. Ваква глетка ќе имаме прв пат во домашното првенство, вреди да се одбележи.

Натпреварот почнува во 18:30 часот, Охрид во моментов е на второто, Вардар на четвртото место, откако вчера Тиквеш победи на премиерниот меч од ова шесто коло. 

Денеска важен меч, особено за гостинската екипа ќе се игра во Бутел. Гостин ќе биде Алкалоид кој бара начин да се врати на победничката патека. Викендов истиве екипи играа во Автокоманда, а победи Алкалоид (23-20). 
Мечот почнува во 18:00часот.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk