Пролет не издржа, бодовите за Кавадарци

Екипата на Тиквеш без повредениот Обина, успеа да запише важна победа од 26-23 на гостински терен над тимот на Пролет. 
Се водеше израмнета и интересна борба во која победникот беше решен со пресврт во последните десетина минути од мечот.
Драмата почна во кога 47.минута Тинекс Пролет дојде до предност и од 19-17. Но, кога се очекуваше продолжување во исто темпо, следеше пад на играта и кавадарчани на пет минути пред крајот дојдоа до водство од два гола разлика, 21-23. Гостите на две минути пред крајот запишаа предност и од 22-25, за да на крај заокружат за конечен триумф од 23-26.
Најефикасен во редовите на Тинекс Пролет беше Ласко Андоновски со пет погодоци, а Виктор Додевски го заврши мечот со четири постигнати гола. Димковски и Василевски постигнаа по три погодоци. Кај Тиквеш се издвои Мартин Манасков со осум гола, а Темелкоски постигна седум погодоци.

ДЕНЕШНИ РЕЗУЛТАТИ
Е. ПЕЛИСТЕР - СТРУГА 34-23 (16-9)
ГОЛДЕН АРТ - Е. ПЕЛИСТЕР  21-26 (9-13)
ПРИЛЕП = ВАРДАР НЕГОТИНО  27-22 (9-7)

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk