Сегед и Веспрем добиваат домашна конкуренција

фото: OTP Bank - Pick Szeged

Веспрем и ПИК Сегед се до години недоприливото друштво во унгарскиот ракомет, а екипите што се зад нив имаат повремени блесоци и падови. 
Но, следната сезона сликата и таму ќе почне да се менува. 

Екипата на Ференцварош, машкиот дел од ФТЦ, добива повеќе пари за трошење и веќе ги доведе двајцата познати играчи Анчин и Ѓори и не само што се засили туку и ја ослабе ривалската Татабања. Но, вистинското домашно засилување треба да биде бекот на Сегед,  репрезентативецот Рихард Бодо. Се зборува дека дури и голманот Роланд Миклер би можел таму да заврши. Тоа е сосема солидна домашна постава, другото е какви странци  ќе одберат. А пари имаат. 
Татабања предводена од кс селекторот на Македонија,  Драган Ѓукиќ врши добра работа сезонава и е на трето место. Тие ги доведоа Плаза од Порто, Пижтула од Жабже, Н'Танзи од ПСЖ. Лемос од АЕК, а следната недела на прегледи доаѓа договорениот, но повреден Куни Моралес и тогаш ќе се знае дали тој трансфер ќе го биде или не. 
Потоа, Балатон продолжува да носи играчи, видовме го ангажираа Денис Васиљев од Пелистер, а и екипата Ѓер која влегува во најсилна лига веќе ангажираше неколку познати имиња (Јухач, Виловски, Балог, Вајда...). 

Силно и конкурентно првенствео што секако ќе ги наполни новоизградените сали во Унгарија и ќе го крене нивото повисоко. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk