За пласман на СП и ЕП по два милиони денари награда

Управниот одбор на Ракометната федерација на Македонија на последната средба донесе одлука за доделување на парични награди за машкиот и женскиот национален тим во еднаков износ, доколку успеат да се пласираат на СП 2025 година, односно ЕП 2024 година. Управниот одбор исто така именува дополнителни членови во натпреварувачката комисија, како и за завршниот турнир во Купот на Македонија.
Според одлуките, паричната награда за македонската сениорска машка ракометна репрезентација за пласман на IHF World Championship 2025 во CRO/DEN/NOR и за сениорската женска ракометна репрезентација за пласман на EHF Euro Women 2024 во AUT/HUN/SUI  ќе изнесува два милиони денариПокрај тоа, именувани се дополнителни членови на Натпреварувачката Комисија при Ракометна Федерација на Македонија, Виктор Андонов и Бобан Мајнов, како вршител на должност.
Кристијан Грчевски е именуван за селектор (супервизор), Дарко Јанев за тренер – селектор, Тодор Филиповски за кондиционен тренер и Николина Бојаџиска за физиотерапевт на женска младинска репрезентација за девојки родени 2004/2005 година и помлади, за претстојните натпревари во рамки на подготвителниот период и учеството на светско првенство за девојки до 20 години IHF WCH Women’s U20 2024 во Скопје во период од 19-ти до 30-ти Јуни 2024 година.
Управниот одбор ја усвои и информацијата доставена од страна на Натпреварувачка комисија за организација на финалниот турнир од македонскиот ракометен КУП 2024 во машка и женска категорија, и истиот ќе биде организиран во Скопје во спортскиот центар Борис Трајковски во период од 17 до 19 Мај 2024 година.

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk