Е. Пелистер преку Охрид на Ф4

ОХРИД - Е. ПЕЛИСТЕР  25-32 (16-18)

Актуелниот шампион на Македонија, тимот на Е. Пелистер е на фајналфор турнирот од Купот на Македонија откако битолчани успеаја да слават на турнирот што се одржуваше во Охрид. „Пелистерци“ барем на хартија имаа најтешка задача од сите фаворити кои беа носители во ждрепката, но избраниците на Ангеловски одговорија на предизвикот, одиграа -одлично на жешкиот терен во Охрид и го совлада домаќинот со резултат 32-25.

Битолчани подобро го отворија натпреварот, поведоа со 5-2, но Охрид успеа да се врати и кон средината на првото полувреме да израмни на 9-9. Ефикасниот напад беше одлика на двата тима во првиот дел, а поумешни беа гостите од Битола кои на одмор заминаа со предност од 18-16. 
Тоа им даде само уште поголема самодоверба за второто полувреме кое „пелистерци“ го отворија одлично и се искачија на плус четири (18-22). Отпорот на Охрид беше скршен кон средината на вториот дел, кога по 20-23 гостите постигнаа четири гола во серија и дојдоа до преубедливи „плус седум“ (20-27), решавајќи го прашањето на победникот .

МАЖИ

ГРУПА 1:
  • РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 – ГРК ТИКВЕШ 2014 – 23:26 (записник)
  • РК ПРИЛЕП – РК МУЛТИ ЕСЕНС – 23:27 (записник)
  • РК МУЛТИ ЕСЕНС – ГРК ТИКВЕШ 2014 – 28:32 (записник)

ГРУПА 2:
  • РК БУТЕЛ СКОПЈЕ – РК СТРУГА – 24:18 (записник)
  • РК АЛКАЛОИД – РК ВАРДАР НЕГОТИНО – 48:28 (записник)
  • РК БУТЕЛ СКОПЈЕ – РК АЛКАЛОИД

ГРУПА 3:
  • РК ПРОЛЕТ 62 – РК ГОЛДЕН АРТ КЛ7 – 22:32 (записник)
  • РК РАДОВИШ – РК ВАРДАР 1961 – 21:42 (записник)
  • РК ВАРДАР 1961 – РК ГОЛДЕН АРТ КЛ7

ГРУПА 4:
  • ГРК ОХРИД – РК СКОПЈЕ 2020 – 40:24 (записник)
  • РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – МРК КУМАНОВО – 40:21 (записник)
  • ГРК ОХРИД – РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – 25:32 (записник)

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk